Background

250 столбови, 12 години и уште еден рок, столбовите кај Ботун и старата приказна на охридски начин

Столбовите кај Ботун, техничко решение вткаено во веќе познат образец

Кај населеното место Ботун, на најтешкиот дел од трасата на автопатот Охрид, Кичево, во тек е поставување на длабоки армирано, бетонски столбови за стабилизација на нестабилните косини. На терен, заменик, претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, присуствуваа на демонстрација на поставувањето на еден од арматурните кафези.

Според објаснувањето на министерот, во земјата се навлегува на длабочина од 20 до 28 метри, што одговара на висина од седум до 11 ката. Се спуштаат арматурни кафези, секој тежок по 30 тони железо, кои потоа се заливаат со бетон. Помеѓу нив се поставуваат цевки и челични јажиња, со цел под земјата да се создаде цврста, поврзана структура која треба да ја држи основата на патот. Вкупно се планирани околу 250 такви столбови, а за нивна изведба се ангажирани машини тешки по 130 тони, три моментално на терен, со најава дека бројот ќе се зголеми на пет.

Причината зошто токму овој дел од трасата со години останува најголем предизвик лежи во составот на почвата, опишана како црна, графитна и нестабилна, со присуство на голема количина подземна вода.

„Прв пат на Балканот“, тврдење што бара појасна проверка (ЛАГА)

- Advertisement -
Ad image

Николоски го претстави решението како новина не само за Македонија, туку и за целиот регион, наведувајќи дека токму поради тоа предизвикува интерес кај стручната јавност. Ваквата формулација заслужува опрез. Технологијата на длабоки бургер столбови со арматурни кафези за стабилизација на нестабилно земјиште не е непозната во светот, ниту во регионот, каде слични решенија веќе биле применувани во инфраструктурни проекти во соседните земји. Она што реално може да се смета за прво во нашата пракса е обемот и длабочината на примената, односно 250 столбови на едно место, а не самиот принцип на изведба.

Историски потсетник од Охрид, старите мајстори веќе го решиле сличен проблем

Интересно е да се потсетиме дека сличен инженерски предизвик, градење на нестабилна, влажна и мочурлива подлога, во Охрид веќе бил решаван многу порано. При изградбата на спортско рекреативниот центар Билјанини Извори, во далечната 1972 година, изведувачот, градежното претпријатие ГИПООС Трудбеници Охрид, се соочил со терен кој во голем дел бил вистинско блато. Според сеќавањата од тоа време, употребена е слична метода, комбинација на бетонски столбови и метод на набивање шипови(18.000) длабоко во теренот, со цел да се создаде цврста основа над која подоцна ќе се изгради теренот и трибините на стадионот. На тој начин, на место кое некогаш било мочурливо и несоодветно за градба, израснал спортски објект кој и денес е дом на охридскиот фудбал и рекреацијата во градот.

Оваа епизода од локалната градежна историја покажува дека принципот на длабинска стабилизација на нестабилна почва, макар и во поинаква, поедноставна форма, не е сосема непознат ни за домашните градители, ниту за Охрид како град. Она што денес се промовира како светска новина, во некоја своја рана верзија веќе било применето, со скромни средства и техника, пред повеќе од пет децении.

Роковите, бројка која постојано се менува

Автопатот Охрид, Кичево официјално започна да се гради во 2014 година. По 12 години, делницата сè уште не е завршена. Цената во меѓувреме нараснала од првично планираните околу 411 милиони евра, на 744 милиони евра за 57 километри, што изнесува приближно 13 милиони евра по километар, а според понови пресметки, со дополнителни 186 милиони евра, вкупниот износ достигнува околу 784 милиони евра.

Николоски во јули 2024 година вети дека автопатот ќе биде завршен до крајот на 2026 година. Денес, истиот министер зборува за пуштање во употреба во првата половина на 2027 година, а за најкомплицираниот дел, тунелите кај Пресека, повторно избегнува да наведе конкретен датум, туку користи формулации од типот „во следните два месеци“.

Кога јавноста, синдикатите или новинарите поставувале прашања за динамиката и трошоците, реакцијата на министерот повеќе пати била иста, тврдења за манипулации и невистини од страна на критичарите, наместо детална и проверлива техничка документација достапна за јавноста.

Добра техника, стара реторика

Стабилизацијата на теренот кај Ботун со длабоки армирано бетонски столбови е реално и веројатно потребно инженерско решение за проблем кој со години го попречувал завршувањето на автопатот. Проблемот не е во самата техника, туку во начинот на кој таа се комуницира, секое ново техничко решение се пласира како историски пробив и „прво на Балканот“, проследено со уште еден нов, слабо прецизиран рок, во проект чија цена веќе значително пораснала во однос на првичните проценки.

Историјата на Билјанини Извори потсетува дека охридските градители и порано знаеле како да совладаат тежок терен, без громогласни најави за регионални премиери. Дали столбовите кај Ботун навистина ќе го стават крај на приказната за автопатот, или ќе бидат уште еден чекор во низа најави што чекаат на потврда, ќе покаже единствено конкретниот датум на отворање, а не изјавите дадени на терен.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation