Background

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НЕМА ДА ОДАТ ВО УКРАИНА Нашата армија ќе остане во регионот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иницијативата од Соединетите Американски Држави за 30-дневен прекин на непријателските дејства помеѓу Украина и Русија е важен чекор кон постигнување траен мир. Според него, „цената“ на мирот ќе биде резултат од преговорите и рече дека е против прекројување на границите. Тој додаде дека македонската армија ќе продолжи да биде присутна во регионот, но нема да испраќа војници во Украина.

Во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, премиерот вечерва истакна дека е неопходен прекин на огнот, за да се катализира решение кое ќе донесе траен мир.

– Мислам дека е потребно да има прекин на огнот и да траат преговорите онолку колку што е потребно за да се катализира решение кое ќе донесе траен мир – рече премиерот.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски истакна дека цената по која што ќе се постигне овој мир ќе биде резултат од преговорите кои ќе се случат на маса и дека сето ова кое што ќе резултира со овие преговори ќе донесе една помирна иднина за сите нас.

Во однос на можноста за прекројувањето на границите, премиерот рече дека не гледа дека би можело да се прелее на Балканот и дека е против менувањето на граници како човек и како политичар.

– Треба да сме свесни дека во меѓународното право не смеат да се случат преседани, ако еднаш се случат, можат да станат пракса – рече тој.

Во врска со испраќањето на војници во Украина, Мицкоски рече дека е логично македонската армија логично да биде присутна во регионот и дека тоа што сме можеле да го направиме како сојузници на НАТО, сме го направиле.

– Нашиот интерес е во рамките на регионот и ќе се грижиме во нашиот интерес. Во однос на испраќањето на војници, оваа влада не верувам дека ќе донесе одлука која што ќе има офанзивна мисија. Мировници во рамките на регионот ќе праќаме, праќаме и сме веќе присутни, Украина не ја сметаме во регионот – изјави Мицкоски.

Во однос на прашањето за нашето коспонзорство на резолуцијата предложена од САД во Советот за безбедност на ОН, која бара брз крај на конфликтот во Украина, премиерот рече дека одлуката се заснова на тоа што цениме дека администрацијата на Трамп има јасен план.

– Цениме дека администрацијата на Трамп има јасен план како да стави крај на конфликтот во Украина и сакаме да го следиме тој пример кој што го манифестира на отворена сцена Трамп – посочи премиерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation