Background

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик.

Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци. При отворање на пратката, царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствијаво чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации. Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Tереза“, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка.

- Advertisement -
Ad image

Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation