Background

Жестоки судири со полицијата во Лион

Повеќе од 250.000 луѓе излегоа на улиците во 73 градови низ Франција, според податоците на синдикатот ЦГТ, во нов бран масовни протести. Протестите резултираа со судири со полицијата, блокади на училишта и прекини во железничкиот сообраќај. Поради националниот штрајк, за посетителите беше затворена и Ајфеловата кула во Париз.

Најжестоките судири беа забележани во Лион, каде што полицијата за разбивање демонстрации употреби солзавец против група демонстранти. Дел од учесниците беа облечени во црно, со покриени лица, и извикуваа пароли против полицијата.

Протестите, организирани од синдикатите со поддршка на студентски организации, се насочени против високите трошоци за живот, состојбата во јавните услуги и реформите во образованието.

- Advertisement -
Ad image

– Ништо нема да нè запре. Единственото нешто што ќе ја заврши мобилизацијата е одговор на нашите барања – изјави лидерката на синдикатот ЦГТ, Софи Бине, пред почетокот на маршот во Париз, пренесе Франс 24.

– Колку подолго чекате, толку повисока ќе биде цената – ја предупреди таа владата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека инциденти имало и во близина на средни училишта во Рен, Тулуз, Бордо, Стразбур и Париз.

 

 

Според Министерството, демонстранти користеле пиротехнички средства, палеле пожари, го попречувале сообраќајот и фрлале предмети кон полицијата.

– Протестирањето е право, но загрозувањето на другите и уништувањето на имотот не може да се толерира – порача Министерството преку платформата Икс.

Новите протести претставуваат дополнителен притисок врз францускиот претседател Емануел Макрон, по неколкунеделните демонстрации против економските и социјалните политики.

Еден од најпознатите симболи на Франција, Ајфеловата кула, беше затворен за јавноста во четвртокот поради националниот штрајк, според известувањето објавено на официјалната интернет-страница на споменикот.

Штрајковите предизвикаа прекини и во железничкиот сообраќај и во работата на училиштата.

Ученичките и студентските протести дополнително ја засилија мобилизацијата. Во текот на неделата беа блокирани десетици средни училишта и универзитети, додека синдикатите го прошируваа протестното движење.

Националниот штрајк следува по 3 последователни викенди на масовни демонстрации против поскапувањата и состојбата во јавните услуги.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖