Двочасовната блокада на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија, која беше најавена за 21 јуни од бугарската Фондација Македонија, е официјално откажана.
„Организаторите соопштија дека одлуката е донесена по разговори со бугарските институции и дипломатски претставници, со цел да се избегнат непотребни тензии и застои во сообраќајот. Според моменталните информации на 21 јуни не се очекуваат организирани блокади на граничните премини меѓу двете земји, а товарниот и патничкиот сообраќај треба да се одвива непречено“, соопшти Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ повикувајќи се на информации во бугарски медиуми.
Од Асоцијацијата им препорачуваат на превозниците и на граѓаните да продолжат да ги следат официјалните информации од надлежните институции за евентуални промени.
Како што објави порталот бта.бг, претседателот на Фондацијата Македонија Виктор Стојанов по апелот на бугарскиот амбасадор во Скопје Желазко Радуков, соопштил дека блокадата е отповикана.
Стојанов вчера за БТА објаснил дека неговата организација обично ги синхронизира своите иницијативи со институциите и затоа утврдила дека во овој момент ваквите протестни акции, вклучително и краткотрајното блокирање на границата, би биле контрапродуктивни. Организаторите увиделе дека ваквиот облик на притисок може да предизвика дополнителен притисок и да бара значителни административни и полициски ресурси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
