Background

Пренџов ги повика сите партии да учествуваат со предлози

Во понеделник ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, најави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

Одлуката за јавната расправа за овој закон е донесена на вчерашната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Како Комисија, продолжуваме со политиката на инклузивност, транспарентност и отворена дебата при подготовката и донесувањето на важните законски решенија. Станува збор за закон кој директно влијае врз функционирањето на државната управа, ефикасноста на институциите и врз квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Затоа, неговото донесување не смее да биде само формално исполнување на законската постапка, туку резултат на сериозна дебата, стручна анализа и широк општествен и политички консензус – рече Пренџов на прес-конференција во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Нашата цел не е само да донесеме закон, додаде тој, туку да создадеме подобар, поодговорен и поефикасен систем, кој ќе биде поблизок до потребите на граѓаните.

– На јавната расправа веќе ги покануваме експертите, универзитетските професори, претставниците на институциите, граѓанскиот сектор, меѓународните организации и сите релевантни чинители кои со своето знаење, искуство и аргументи можат да придонесат кон подобрување на законското решение, кое во моментов е во работна верзија. Упатувам јасен повик и до опозицијата активно да се вклучи во јавната расправа, да ги изнесе своите предлози, забелешки и аргументи. Очекуваме СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и сите политички групи во Собранието да номинираат дополнителни учесници. Секој предложен претставник ќе биде поканет и ќе има можност да даде свој придонес. Различните ставови не треба да бидат пречка, туку можност да дојдеме до поквалитетно законско решение – рече Пренџов.

Овој закон е дел од реформската агенда на Република Македонија и од Планот за раст, договорен со Европската Унија, додаде пратеникот.

– Досега имаме повлечено повеќе од 150 милиони евра, а нашата цел е да продолжиме со спроведувањето на реформите. Три пати по ред сме држава која спроведува најмногу реформи и три пати по ред повлекува најмногу средства од Европската Унија, иако сме една од најмалите држави во Западен Балкан. Овие средства се од исклучително значење за државата, за развојните проекти и за подобрување на институционалните капацитети. Како парламентарно мнозинство продолжуваме да даваме пример за градење силни и одговорни институции и за спроведување реформи кои носат реални подобрувања за граѓаните – рече Пренџов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖