Компанијата „Енвидија“ ги запре испораките на лиценцирани чипови од генерацијата „Хопер“ за Кина, потврди привремената извршна директорка Колет Крес. Прекинот е објавен неполна недела по заминувањето на основачот Џенсен Хуанг, кој со месеци лобираше во Вашингтон за пристап до кинескиот пазар, објави Ројтерс.
Крес не го поврза прекинот со аферата или со заминувањето на Хуанг. Таа не објасни ниту дали одлуката е трајна.
Потегот е значаен и поради финансиската тежина на кинескиот пазар. Во кварталот што завршил на 25 октомври, „Енвидија“ продала лиценцирани производи од генерацијата „Хопер“ во вредност од 2,4 милијарди долари.
Ројтерс наведува дека американската дозвола за продажба на овие чипови во Кина следувала по повеќемесечно лобирање на Џенсен Хуанг и по средбата на Трамп со Си Џинпинг во 2025 година.
Сега овие производи веќе не се вклучени во прогнозите за идните испораки во Кина.
Прекинот следува по аферата што ја потресе компанијата и доведе до оставката на нејзиниот долгогодишен директор. Како што Плусинфо веќе објави, аферата на Хуанг со Алис Хуанг била само иницијална каписла за истражување поголем скандал за можните врски на „Енвидија“ со компании во Кина и ризиците во финансирањето во време кога вештачката интелигенција е во својот „бум“.
Управниот одбор на „Енвидија“ неодамна ја отфрли можноста Хуанг повторно да ја преземе директорската функција.
Кои чипови добија забрана за испорака во Кина? Околу 600.000 процесори Х200 од генерацијата „Хопер“ биле задржани во Хонгконг, чекајќи одобрение за испорака во континентална Кина, според претходните информации на Ројтерс.
Проблемот не произлегува само од американските извозни ограничувања. Пекинг исто така го ограничил увозот на овие процесори, настојувајќи да ја намали зависноста од американската технологија.
Вашингтон претходно одобрил продажба на Х200 на 10 кинески компании, меѓу кои се „Алибаба“, „Тенсент“ и „Бајтденс“, сопственикот на Тикток.
Во генерацијата „Хопер“ спаѓа и процесорот Х200, наменет за обучување и работа на напредни модели на вештачка интелигенција.
Американската администрација ги олеснила условите за извоз на овие процесори во јануари 2026 година, по повеќемесечното лобирање на Џенсен Хуанг.
Аранжманот предвидувал и царина од 25% за квалификуваните чипови што прво се увезуваат во САД, а потоа се испраќаат во Кина.
„Енвидија“ бараше дозвола да продава и понапредни процесори од генерацијата „Блеквел“, но администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрила барањето, пренесува „Бизнис стандард“.
Американските власти стравуваат и дека кинески компании би можеле да користат напредни процесори преку центри за податоци во други земји, заобиколувајќи ги ограничувањата за директен извоз.
Во претходната анализа Плусинфо ја обработи истрагата за „Мегаспид“, клиент и партнер на „Енвидија“, со кој била поврзана Алис Хуанг.
Американските власти истражуваат сомневања дека преку оваа компанија кинески клиенти добивале пристап до напредни американски процесори, и покрај извозните ограничувања.
Според претходно објавените информации, истрагата започнала во 2024 година. Во мај 2025 година властите побарале податоци од „Енвидија“, а следниот месец компанијата ја ставила „Мегаспид“ на списокот на фирми на кои не им продава.
Аферата отвори прашања за контролата врз американската технологија, особено за можноста кинески компании да обучуваат модели на вештачка интелигенција користејќи процесори сместени во странски центри за податоци.
Хуанг во меѓувреме јавно изрази подготвеност повторно да ја преземе директорската функција.
Претседателот на Управниот одбор, Харви Џонс, соопшти дека одборот нема намера да го врати. Тој нагласи дека компанијата сака што поскоро да назначи постојан директор, но нема да брза со изборот.
Крес привремено ја води „Енвидија“, додека трае потрагата по наследник. Компанијата ја ангажирала агенцијата „Хајдрик енд Страглс“ и разгледува кандидати од сопствените редови и надвор од нив.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
