Федерален судија привремено го блокираше барањето на Трамп за суспендирање на програмите за помош

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Федерален судија привремено го блокираше барањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги запре владините програми за финансиска помош додека неговата администрација спроведува преглед за да се осигура дека парите се ослободуваат во согласност со приоритетите на Белата куќа, вклучително и извршните наредби за прекин на програмите за различност, еднаквост и вклучување.

Непосредно пред да стапи на сила замрзнувањето на финансирањето во вторникот попладне, судијката Лорен Алихан нареди средствата за тековните програми да продолжат да се исплаќаат до 3 февруари. Наредбата е издадена во врска со тужба од невладини организации.

Грантовите се од витално значење за локалните власти, училиштата и за непрофитните организации. Владини претставници рекоа дека исплатата на средствата ќе биде суспендирана додека е во тек преглед за да се утврди дали трошењето е во согласност со најновите извршни наредби на Трамп.

Канцеларијата за управување и буџет на САД вчера издаде меморандум со кој, според судот, не е доволно јасно кои програми ќе бидат засегнати.

– Се чини дека федералната Влада во моментов навистина не го знае целиот опсег на програмите чиешто финансирање ќе биде привремено суспендирано – рече судијката Алихан, која беше назначена од претседателот Џо Бајден.

Во меѓувреме, вчера, Трамп издаде извршна наредба со која се стопира федералното финансирање за програмите за промена на полот за деца под 19-годишна возраст.

„Политиката на САД е да не ја финансираат, спонзорираат, поттикнуваат, помагаат или да ја поддржуваат таканаречената ‘транзиција’ на дете од еден пол во друг и строго да ги спроведуваат сите закони“, се вели во декретот на Трамп.

Share This Article