Background

Владата вчера го примила предлог-текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија

Владата вчера го примила предлог-текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија, соопшти Министерството за транспорт.

Предлогот, како што е соопштено,  ќе го разгледува работна група која ја сочинуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министрите за финансии и за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Во соопштението се наведува и дека владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, меѓу кои и Коридор 8, но очекува овој проект да биде функционален.

- Advertisement -
Ad image

-Во таа насока изградбата на Коридор 8 е стратешки проект на кој се посветува огромно внимание и во рамки на приоритетите се преземаат активности за негова доизградба. Целта на Владата преку Министерството за транспорт е да се продолжи изградбата на источниот дел на железничкиот коридор 8 и истиот да се поврзе со Република Бугарија. Но, повторно ќе ги потенцираме ставовите на Владата, пругата за да биде функционална, а Коридорот 8 да има смисла и да ги исполни потребите за што е наменет, мора да има заеднички проект за тунелот со Бугарија и изградбата да се одвива заеднички во континуитет на целото тунелско решенија – велат од  Министерството за транспорт.

Оттаму додаваат дека е потребно од бугарска страна да се доизгради пругата што недостасува до граничната точка, како и да се модернизира пругата од Ѓуешево до Софија.

-Македонија од своја страна ќе изврши ревидирање на цената на чинење. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан и земјите од ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе придобивки за економиите и граѓаните на регионот – се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖