Background

ЗА ЖЕШКИТЕ ЛЕЗБЕЈСКИ СЦЕНИ МЕЃУ ЕН ХАТАВЕЈ И ДАКОТА ЏОНСОН

Дакота Џонсон отворено зборуваше за снимањето на интимните сцени со Ен Хатавеј во новиот филм „Verity“, адаптација на истоимениот роман на Колин Хувер.

Во филмот, Џонсон ја игра писателката Ловен Ешли, која добива задача да ја заврши успешната серија книги на мистериозната писателка Верити Крафорд, која ја глуми Хатавеј. Откако Ловен се вселува во домот на Верити и нејзиниот сопруг Џереми, кој го игра Џош Хартнет, почнува да открива вознемирувачки тајни.

Приказната вклучува и експлицитни сцени меѓу Ловен и Верити, а најавата за филмот веќе го прикажа бакнежот меѓу Џонсон и Хатавеј. Во разговор за магазинот „Out“, Џонсон ја прашале за нејзините „жешки лезбејски сцени“ со Хатавеј.

- Advertisement -
Ad image

– Жешки лезбејски сцени! Ми се допаѓа тоа. Тоа ќе ми го пишува на надгробната плоча – се пошегувала Џонсон.

– Беше многу технички сложено, но и неверојатно пријатно. Неколку часа се бакнував со двајца. Едната личност беше под мене, потоа ќе се тргнеше, а другата ќе влезеше. Сè беше многу технички, во тоа е уметноста – додала таа.

Своите впечатоци од снимањето ги споделил и Џош Хартнет.

– На сетот веднаш се спријателивме. Сцените со секс беа малку смешни сè до моментот кога требаше да ги снимаме. Важно е да се задржи опуштената атмосфера и едноставно да се продолжи со работата. Хемијата во филмот е опиплива, а произлегува од меѓусебната почит и разбирање – изјавил тој.

Режисерот Мајкл Шоултер претходно за „Variety“ откри дека Хатавеј и Џонсон ја импровизирале својата „многу секси“ сцена со бакнеж.

– Сè започна од тоа дека ни требаше нешто секси. Во книгата, таа ја гледа фотографијата на Харпер и разговара со Џереми за тоа колку тој бил прекрасен. Потоа доаѓа до интимна прегратка за која почувствував дека има потенцијал да стане сексуално набиена. Тоа е само прегратка, но меѓу двајца луѓе кои се наоѓаат во многу чудни околности и на кои очајно им е потребна таа прегратка. Интересно е што тоа ја возбудува Ловен. Таа го прегрнува во момент на неговата длабока тага, а тој момент потоа добива еротична димензија. Прашањето беше каде да ја насочиме таа енергија – објасни Шоултер.

Режисерот додава дека бакнежот што се гледа во најавата за филмот настанал со импровизација.

– Сè произлезе од предлогот на Ен и Дакота: Што ако тој, додека таа го бакнува, се претвори во Ен?

Им реков: Ако сакате да го направите тоа, може – раскажал тој.

– Сметав дека има нешто многу секси и еротично во тоа Дакота да каже: Само ќе седнам во твојот скут и ќе почнам да те бакнувам. Таа го гледа Џереми и едноставно почнува, што изгледаше како почеток на нешто провокативно. Таа го зема она што го сака, а тој се согласува на тоа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖