Џејн Фонда на 88 години се појави на ревијата на L’Oréal Paris во рамките на Париската недела на модата и блесна во долг црвен фустан со светки, кој го надополни со црвени чевли и кармин во иста нијанса.
Фонда со насмевка прошета по пистата, а посебно внимание привлече нејзината спонтана интеракција со Кристен Бел. Откако Бел ја заврши својата прошетка, се сврте кон Фонда, а двете потоа заиграа заедно држејќи се за раце.
На ревијата учествуваа и Кендал Џенер, Хајди Клум, Кара Делевињ, Ева Лонгорија, Симон Ешли, Енди Мекдауел и други познати лица. Кристен Бел годинава за првпат настапи како глобална амбасадорка на L’Oréal Paris.
Посебен момент беше финалето на ревијата, кога изненадувачки се појави Селин Дион и настапи пред публиката. Таа потоа танцуваше со ѕвездите кои учествуваа на ревијата.
Фонда со години е меѓу најзабележливите лица на ревиите на L’Oréal Paris. Нејзиното појавување во Париз повторно привлече внимание кон нејзиниот препознатлив стил и начинот на кој избира впечатливи модни комбинации и во деветтата деценија од животот.
Актерката претходно отворено зборуваше и за стареењето и за естетските интервенции. Таа има кажано дека во минатото направила два лифтинга на лицето, но дека не планира повторно да оди под нож. Во разговори за стареењето, Фонда нагласувала дека поважно од самата бројка на години е човек да се грижи за своето здравје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
