Млад талент од охридскиот фудбал го привлече вниманието на селекторот на националната U-14 репрезентација. Виктор Грданоски, член на младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 14 години за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија.
Натпреварот ќе се одигра на 4 јуни 2026 година, во четврток, во Скопје, на теренот на ФК Аеродром.
Повикот за Виктор е признание за неговиот труд, посветеност и квалитет покажан во досегашната работа во младинската школа на клубот. ГФК Охрид Лихнидос со гордост го следи неговиот развој и верува дека ќе го претстави клубот и градот Охрид на најдостоен можен начин.
Клубот му честита на Виктор за заслужениот повик и му посакува многу успех, добро здравје и достојно претставување на дресот на Македонија.
Најдоброто од Македонија излегува од Охрид.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
