Седумдесет и петгодишен судија во мексиканското професионално борење почина за време на боречки меч, откако еден од борачите го крена и го урди на подот од рингот. Инцидентот се случил вечерта на 6 октомври во спортскиот центар „11 де Хулио“, во градот Минерал де ла Реформа во сојузната мексиканска држава Идалго.
Судијата Херардо Герман Пинеда, познат во боречкиот свет под прекарот Ел Бујо, бил на возраст од 75-години и имал долгогодишна кариера во мексиканското професионално борење.
Според медиумските извештаи, за време на настапот борачот познат како Ел Хијо де Фишман (El Hijo de Fishman) го кренал судијата Ел Бујо и го фрлил на подлогата во рингот. По падот, судијата не можел да стане и престанал да се движи, а набргу потоа е потврдена неговата смрт.
На објавените снимки се гледа како судијата е кренат и фрлен на подлогата, но точните околности и причината за смртта не се утврдени со официјален наод.
Борачот Ел Хијо де Фишман е приведен на 7 октомври и предаден на надлежните органи во Идалго. Случајот се истражува поради сомнение за предизвикување смрт од небрежност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
