Холивудскиот актер Мајкл Даглас во своите нови мемоари „One Helluva Ride“ отворено пишува за бурното минато, проблемите со алкохолот и дрогата, но и за инцидентот со актерката Џулија Робертс, поради кој сериозно го нарушил нивното пријателство.
Даглас се присетил на непријатната ситуација кога, за време на една холивудска забава, ја изгубил контролата и ја навредил тогаш младата актерска ѕвезда, и тоа пред нејзиниот тогашен партнер Кифер Сатерленд.
Сè се случило на почетокот на деведесеттите години, во периодот кога се снимал филмот „Рамна линија на смртта“ („Flatliners“) од 1990 година, во кој заедно глумеле Робертс и Сатерленд. Даглас присуствувал на забава по доделувањето на „Златните глобуси“ со својот тогаш 13-годишен син Камерон, кого го добил во првиот брак со Диандра Лукер.
– Стоевме покрај шанкот, а Џулија го прегрна мојот син и почна да се гали со него – се присетил актерот во мемоарите.
Како што тврди, му се чинело дека неговиот син бил затечен од нејзиното однесување, но денес признава дека и самиот не бил во состојба трезвено да ја процени ситуацијата.
– Бев прилично пијан – признал Даглас. Во мемоарите открива дека во тој период знаел да испие пет алкохолни пијалаци и да консумира еден грам кокаин во текот на една вечер.
Во налет на бес, ѝ ги кажал зборовите за кои подоцна зажалил.
– Тргни ги рацете од мојот син, земи го тој „Златен глобус“ и пикни си го таму каде што сонцето не свети – ѝ се обратил грубо на Робертс.
Веќе следното утро сфатил дека претерал. Му се јавил продуцентот Рик Бибер, кој му дал до знаење дека ситуацијата е сериозна.
– Мајкл, мора да разговараме – му рекол продуцентот.
Даглас набрзо сфатил дека со своето однесување навредил една од најбараните млади актерки во Холивуд. За да се обиде да ја поправи ситуацијата, ѝ испратил цвеќе, а потоа лично им се извинил и на неа и на Сатерленд, кој бил сведок на неговиот испад.
– За среќа, ми простија, што беше доволно за да го довршиме снимањето – напишал актерот.
Иако извинувањето било прифатено, нивниот однос никогаш повеќе не бил ист.
– Останав пријател со Кифер. Со Џулија баш и не – признал Даглас, додавајќи дека инцидентот го прогонувал со години и дека и денес му е жал за неговото однесување.
Непријатната средба со Џулија Робертс е само една од бројните епизоди од минатото што актерот реши да ги сподели со јавноста. Во мемоарите без воздржување зборува за периодот кога претерувал со алкохолот и кокаинот. Открива и дека еднаш заспал со цевче за консумирање дрога во носот.
И покрај таквиот начин на живот, тврди дека во текот на кариерата се придржувал до едно правило – никогаш не консумирал алкохол или дрога за време на снимањето.
Таквата одлука ја донел по непријатно искуство на снимањето на филмот „Running“, кога му се слошило и за малку ќе поврател пред целата филмска екипа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
