Background

ПРЖИНСКАТА ВЛАДА ОДИ ВО ИСТОРИЈА Со 70 гласа „за“, 11 „против“ и без воздржани, мнозинството гласаше за укинување

Собранието попладнево донесе одлука со која се укинува моделот на техничка влада, познат и како „пржинска влада“, кој досега се применуваше како гаранција за фер изборни процеси.

Со 70 гласа „за“, 11 „против“ и без воздржани, пратениците го поддржаа законот по скратена постапка. Техничката влада ќе остане во сила само до следните парламентарни избори, по што повеќе нема да се применува.

Моделот беше воведен во 2016 година како дел од политичкиот договор за излез од кризата, со учество на дополнителни министри од опозицијата во 100-те дена пред избори.

- Advertisement -
Ad image

Од владејачкото мнозинство порачаа дека времето на технички влади завршило и дека државата мора да функционира без ад хок решенија.

– Да престанеме да ја третираме македонската демократија како пациент на апарати. Техничката влада беше решение за криза во 2015, но денес е надмината – изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој додаде дека во пракса моделот покажал слабости и политички злоупотреби, наведувајќи примери од претходни изборни циклуси.

Од опозицијата реагираа дека со укинувањето се урива еден од ретките механизми за контрола на изборниот процес.

Јованка Тренчевска од СДСМ порача дека одлуката е донесена без пошироки консултации.

– Техничката влада е минимална гаранција за фер избори. Наместо реформа, гледаме укинување без дијалог – рече таа.

СДСМ предупреди дека без овој модел се зголемува ризикот од политичко влијание врз институциите во изборен период.

За укинување се изјасни и коалицискиот партнер Вреди. Аднан Азизи оцени дека техничката влада е „остаток од минатото“ и дека државата веќе е во поинаков демократски контекст.

И од ЛДП дојде критика за моделот, но од поинаков агол – наместо техничка влада, тие предлагаат електронско гласање како поефикасно решение.

Седницата беше проследена со паузи и процедурални барања, а дел од опозицијата инсистираше на дополнителни собраниски расправи и консензус меѓу политичките партии.

ДУИ побара законот да се разгледа со Бадентерово мнозинство, но тоа не беше прифатено.

Претседавачот на седницата, Антонијо Милошоски, посочи дека законот претходно бил носен без квалификувано мнозинство и дека се следи постојната пракса.

По усвојувањето на овој закон, следна точка на дневен ред е измена на Законот за минерални суровини.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation