Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изрази загриженост поради појавите на врсничко насилство и покрај агресивните кампањи и преземените мерки од страна на институциите.
Taa посочи дека МОН има изработено прирачници за училиштата, воспоставен е систем на постапување и организирани се бројни обуки за наставниците и стручните служби, како и повеќемесечна соработка со Комората на психолози за рано препознавање на насилството.
Јаневска потенцираше дека грижата за децата не може да биде препуштена само на училиштата или институциите, туку таа е заедничка и родителите мора активно да се вклучат во нејзиното спречување.
Таа оцени дека не е зголемен процентот, туку дека е забележана зголемена бруталност и нова загрижувачка појава на апатија кај останатите деца, кои со своето неделување, снимање и гледање де факто стануваат соучесници.
Како одговор на овие состојби, Јаневска рече дека преземале повеќе активности – побарале наставниците да се во ходниците и во дворовите, како и казна за родителите од 250 евра, што сè уште е во собраниска процедура.
– Мене ми е жал што сè уште во Македонија се случуваат вакви нешта, иако ние како Министерство водиме агресивна кампања против врсничкото насилство. Направени се прирачници за во училиштата, воспоставен е систем на делување во случај на врсничко насилство во училиштето, за наставниците, за стручната служба, за директорите, поврзаноста на образовниот систем со социјалните служби, со МВР … Имаме две кампањи кои течат на медиумите и против сајбер насилството има прирачник, и да не ги набројувам сите – изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за зголеменото врсничко насилство помеѓу малолетници, особено во Тетово.
Јаневска, исто така, посочи дека склучиле договор со Комората на психолози кои неколку месеци работеле на терен, ги подучувале наставниците, стручните служби и родителите.
– Се обидовме да вклучиме родители, оти тие се значајна алка. Таму оди малку потешко процесот, но и тоа го правиме, во правец на рано препознавање кај детето дека трпи некаков вид насилство и го поврзавме со семејното насилство, затоа што стручњаците велат дека голем процент од врсничкото насилство е поврзано со семејното насилство – изјави Јаневска.
Таа најави и платформа на која ќе може да пристапи секој наставник, родител и социјален службеник, каде што психолозите ќе даваат совети.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
