Background

Пожар во Охрид, сомничен нарачател и тивка обвинителка Викторија Мандуловска: Кој го штити Нурхан Локи?

Двајца осудени признаваат на суд дека добиле наредба за паљење на локалот на поранешниот Државен Правобранител Агрон Речи , но обвинителката Викторија Мандуловска не презема никакви мерки против посочениот нарачател.

Пожарот: 10 март 2024, 03:40 часот

Во раните утрински часови на 10 март 2024 година, во СВР Охрид е пријавен пожар во угостителски објект на Градскиот пазар во Охрид , сопственост на Агрон Речи, поранешен Државен Правобранител на Република Северна Македонија. Пожарот се прошири и на неколку апартмани на горниот кат на зградата.

Речи лично спровел приватна истрага и ги лоцирал директните извршители, кои подоцна застанале пред Основен суд Охрид.

Признание на суд: „Наредба дошла од Нурхан Локи”

- Advertisement -
Ad image

На судењето, двајцата обвинети , подоцна осудени , јавно посочиле трето лице како нарачател на кривичното дело: Нурхан Локи, познат под прекарот „Нуки”. Нивните изјави се документирани и во видео-сведоштво, кое е доставено до Јавното обвинителство.

„Сакам да го кажам лицето кое нареди да го извршам ова кривично дело. Тоа е лицето Нурхан Локи кого на прекар го викаат Нуки…” — Усеин Мухаммед, прввообвинет за палење на кафулето на Агрон Речи

Според исказите, Локи во тоа време бил личен шофер на Фетми Стафа , поранешен Државен Правобранител , кој подоцна е уапсен за посредување во случајот со Ангел Пецов.

Поврзаноста: Стафа, судијата Ристов и Симона Зориќ

Истражувањето открива потенцијален мотив. Агрон Речи, во својство на Државен Правобранител, разрешил двајца правобранители и поднел предлог до Владата на РСМ за разрешување и на Симона Зориќ Ристова — Заменик Државен Правобранител и сопруга на судијата Ѓоко Ристов.

Фетми Стафа бил осомничен дека вршел влијание врз судијата Ристов за поволни пресуди по предметот на Ангел Пецов. Комуникацијата наводно се одвивала преку неговата сопруга , Симона Зориќ Ристова. Поврзувањето на овие факти отвора прашање: дали пожарот бил порака до Речи, организирана преку мрежата Стафа–Ристов?

Обвинителката која молчи

И покрај судски признанија, поднесена кривична пријава од Агрон Речи и доставено видео-сведоштво, обвинителката Викторија Мандуловска не покренала ново обвинение против Нурхан Локи и не барала мерка за обезбедување на неговото присуство.

Уште позагрижувачки: по прекинот на притворот, двајцата осудени сторители , Усеин Мухаммед и Сабит Ислами — едноставно исчезнале и се во бегство.

2 Осудени сторители во бегство

0 Нови обвиненија против нарачателот

1 Посочен нарачател непроцесиран

Отворени прашања

Случајот остава неколку суштински прашања без одговор:

  • Зошто обвинителката Мандуловска не реагира на видео-признанија доставени како доказен материјал?
  • Дали Советот на јавни обвинители ќе го испита нејзиното работење?
  • Дали мрежата Стафа–Зориќ Ристова стои зад нарачката на паљењето на објектот на Речи?
  • Кој овозможи бегство на осудените лица по прекинот на притворот?

С.Денесовски Охридскај

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation