Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци, соопшти министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Тој рече дека е направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата и е утврдено дека нема неправилности во постапките.
-Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци – рече Трипуновски.
Трипуновски на прес-конференција објасни дека Брисел никогаш не ги блокирал средствата, туку дека во моментот кога излезе во јавност случајот со злоупотребата на претходниот директор на Платежната агенција, се активира националниот механизам, кој го извести Брисел.
– Следеше темелна проверка од ИПАРД-структурата по што се достави сеопфатна информација до европските институции во согласност со воспоставените процедури. Со ова сакам да ги демантирам и шпекулациите што тенденциозно се пласираа во јавноста од страна на опозицискиоит СДСМ. Сакајќи да создаде лажна слика, паника и револт кај македонските земјоделци, СДСМ тврдеше дека ИПАРД-средствата се блокирани, а земјоделците ќе останат без поддршка. Но денес, по којзнае кој пат, нивните лаги паѓаат повторно во вода – рече Трипуновски.
Тој ги повика земјоделците да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат производството.
Tagged as:
Трипуновски ги повика земјоделците да аплицираат за програмите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
