Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворски казни на Раде Трајковски – Штекли во траење од осум години, Александар Гучевски од шест години, Стефан Китанов и Филип Таневски од по пет години и на Стојан Миланов во траење од три години и десет месеци, како членови на група која неовластено продавала кокаин и марихуана.Судот утврди дека осудените во периодот од јануари 2024 година до јануари 2025 година на територијата на град Скопје се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотични супстанци.
По објавувањето на пресудата, бранителот на Трајковски побара од Судот замена на мерката притвор со куќен притвор. Ова барање одбраната го темелеше на влошената здравствена состојба на обвинетиот, посочувајќи дека до судот веќе е доставена обемна лекарска документација.
Според обвинението, групата дејствувала добро организирано, со јасно дефинирани улоги од набавка до продажба на дрогата. Обвинителството во текот на постапката тврдеше дека Трајковски бил организатор и координатор кој контактирал со лица од странство и со домашни посредници, давајќи насоки за проширување на мрежата.
Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана, при што се користеле апликации за заштитена комуникација како „Снепчет“.
Првично во овој случај беа опфатени вкупно 16 лица. Седуммина од нив претходно склучија спогодба и добија затворски казни од три до три и пол години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.
На почетокот на судскиот процес, Трајковски изјави дека не го разбира обвинението, останатите обвинети се изјаснија за невини, а одбраната тврдеше дека не постојат докази и оти наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки.
Tagged as:
Осум години затвор за Штекли Раде Трајковски-Штекли
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
