Американскиот Стејт департмент подготвува ограничена серија пасоши со ликот на Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.
Според информациите што ги објави „Fox News“, ликот на Трамп ќе биде поставен на внатрешната страна од корицата и наликува на неговиот официјален портрет од вториот мандат.
Освен портретот, делумно ќе биде изменет и надворешниот изглед на пасошот. Натписот „Соединети Американски Држави“ ќе биде со поголем фонт, поставен над државниот грб.
На задната страна ќе биде прикажано првото американско знаме од 1777 година, со 13 ѕвезди, како и бројот 250, кој ја симболизира годишнината од независноста.
Од Стејт департмент на САД велат дека пасошите ќе бидат достапни во ограничен број и ќе се издаваат само во канцеларијата за пасоши во Вашингтон, додека траат залихите.
Издавањето се очекува да започне паралелно со серија настани што ќе ја одбележат годишнината, меѓу кои автомобилска трка на Националниот мол, свечена програма меѓу Капитол и Споменикот на Линколн, како и настан со мешани боречки вештини на тревникот на Белата куќа.
Најавата за пасош со ликот на Трамп веќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Дел од критичарите оценуваат дека вакви потези се невообичаени за демократски држави и повеќе наликуваат на практики карактеристични за авторитарни режими.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
