Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред, бидејќи тоа би значело отворена војна против Русија рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со неговиот словачки колега, Роберт Фицо во Братислава.
Тој додаде дека брзиот пристап на Украина во Европската Унија ќе ја уништи унгарската економија.
Според Орбан, нема одговор како Украина може да влезе во ЕУ, а Киев мора да покаже почит.
Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека со Орбан разговарал за ситуацијата во ЕУ, за Доналд Трамп, миграцијата и за семејните прашања, односно дека во словачкиот Устав има само два пола: машки и женски.
– Имав спонтан, пријателски и содржински богат разговор со Орбан. Драго ми е што квалитетот на словачко-унгарските односи во моментов е на највисоко можно ниво, а унгарско-словачкиот соживот не е политичко прашање. Се согласуваме, не само за настаните во нашите земји, туку и за меѓународната сцена. Наш избор се ЕУ и НАТО, но, имаме право да бидеме критични – рече Фицо.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
