Дежурен јавен обвинител од обвинителството во Скопје, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден-Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.
Како што информираат од Обвинителство, несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил „0пел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил „хјундаи И30“ управуван од 51-годишен жител на Марино.
– Во несреќата на лице место починале возачот на возилото „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „корсата“ и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба, соопшти Обвинителство.
Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
