Мохсен Резаеи, висок функционер во иранскиот Совет за национална безбедност, ги предупреди САД да не изведуваат дополнителни напади врз Иран. Тој нагласи дека во случај на напад, секоја база што ќе учествува во него – вклучително и оние во Европа – ќе стане цел на одмазднички мерки, пренесуваат странските новински агенции.
„Доколку САД започнат уште една војна против Иран, секоја воена база вклучена во оваа агресија – од Западна Азија до Европа – ќе биде легитимна цел за смртоносни напади од страна на Иран“, напиша Мохсен Резаеи во средата на социјалната мрежа „Икс“ (X). Тој нагласи дека не постои ниту безбедно растојание, ниту имунитет.
Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воениот конфликт со Иран е практично завршен, со што сигнализираше дека засега нема намера да спроведува напади од големи размери врз земјата. Претходно, во медиумите се шпекулираше дека Трамп би можел да нареди нови напади од големи размери врз Иран по американските избори на средината на мандатот. Мохамад Бакер Галибаф, претседателот на иранскиот парламент – кој истовремено е и главен преговарач на Иран – во интервју за телевизиската мрежа „Ал Џезира“ изјави дека Иран е подготвен да излезе од сегашната состојба на „ниту војна, ниту мир“ и дека сега е ред на Соединетите Држави да преземат чекори.
Засега, американската администрација нема директно одговорено на условите поставени од Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец и започнување преговори во врска со иранската нуклеарна програма. Овие услови вклучуваат укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа и отстранување на санкциите, одмрзнување на иранските средства, надомест за воените штети, како и прекин на непријателствата низ целиот регион – вклучително и израелските операции во Либан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
