Европската унија во понеделник ќе усвои нов пакет санкции против Русија, изјави францускиот министер за европски прашања, Бенжамен Адад.
Адад за телевизијата LCI изјави дека „новите санкции против Русија опфаќаат дополнителни 150 субјекти и 50 банки“, при што напомена дека поголемиот дел од нив биле предложени од Франција, пренесува Ројтерс.
„Ќе продолжиме да вршиме економски притисок врз Русија и, се разбира, да ѝ даваме поддршка на Украина“, рече Адад.
Францускиот министер ја осуди вчерашната одлука на Русија да им забрани влез во земјата на новинарката на „Ле Монд“, Аријан Шемен, на слободниот новинар и поранешен дописник од Москва, Пол Гого, како и на двајца француски пратеници, Саша Улие и Артур Делапорт.
„Ова е заплашување. Франција нема да дозволи да биде заплашена. Сметам дека овие пратеници и новинари едноставно си ја вршат својата работа. Пратениците, особено, се многу активно вклучени во борбата против странското мешање“, изјави Адад.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, претходно на платформата X изјави дека фактот што Кремљ ја претставува оваа забрана како одговор на протерувањето на наводната руска пропагандистка Ксенија Фјодоровна од Франција во јули, „ги потврдува нејзините врски со руските власти“.
Француските власти ја обвинија Ксенија Фјодоровна за ширење руски дезинформации. Таа е поранешна раководителка на каналот „RT France“, а подоцна стана истакнато лице на информативниот канал „CNews“ и на поврзаните медиуми „Europe 1“ и „JDNews“. Сите овие медиуми се во сопственост на конзервативниот тајкун Венсан Болоре.
Tagged as:
ЕУ најавува нов пакет санкции против Русија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
