Background

Мицкоски со порака до бруцошите

Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родна земја Македонија. Тоа никогаш немојте да го заборавите. Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот, Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање пред бруцошите на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Tој на своите колеги, професори, им упати порака да го пренесат своето знаење на младите, да бидат нивни педагози и нивeн пример во животот.

– Од тоа знаење коешто вие ќе им го пренесете зависат и нивните семејства во иднина, нивните деца, нивните внуци и сè она коешто ќе следи како предизвик во нивниот живот. Искористете ја таа шанса, бидете дел од нивната младост, но исто така бидете дел и од нивниот живот понатаму низ годините коишто следат. Имајќи ја најубавата работа на светот, тоа треба да ви биде чест, но и одговорност, бидејќи ретко кој има таква одговорност и можност во животот. Затоа, мојот совет и мојата порака до моите колеги, а ваши професори е: бидете тоа што треба да бидете, бидете нивните педагози и нивниот пример како понатаму во животот треба тие да бидат пример за своите деца и за своите семејства – истакна Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Навраќајќи се на своите студентски почетоци премиерот нагласи дека животот го носел во различни средини и vo неколку европски градови, но, она коешто секогаш го инспирирало и му претставувало водилка во животот била неговата родна земја, Македонија.

– Каде и да одев, се враќав назад и знаев дека тука ќе го формирам моето семејство и тука ќе го продолжам мојот живот. На тој начин ги воспитувам и моите два сина, Јован и Антониј — да патуваат, да стекнуваат знаење, да другаруваат, да го поминат целиот свет и онаму каде што ќе имаат можност, никогаш таа можност да не ја одбијат. Но на крајот, да се вратат дома и заедно дома да се бориме за нашата заедничка татковина Македонија – рече Мицкоски.

На бруцошите им посака успешни години на другарување, стекнување знаење и учење.

Добредојде на новите студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип им посака и ректорот Дејан Мираковски, потенцирајќи дека денешниот ден ќе го помнат целиот свој живот.

– Да се биде дел од академската заедница е чест, но и одговорност. Универзитетот не е место само каде што се добива диплома. Тоа е место каде што се поставуваат прашања, се преиспитуваат вистини и се раѓаат идеи за иднината – рече Мираковски.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов на студентите им порача да не студирaат само за диплома, туку за знаење.

– Затоа мојата порака до вас е конкретна: аплицирајте за Еразмус+, одете на мобилност, учествувајте во меѓународни проекти, запознајте ги своите врсници, студенти од другите земји, излезете од она што ви е познато и удобно. Затоа што Еразмус + не е само патување, не е само еден семестар во странство и не е само уште една ставка во вашето CV. Еразмус+ е искуство што може да ви го промени погледот на светот, но и погледот кон самите себе – рече Михајлов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖