Македонски возач загина во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац во Србија, откако неговиот камион излетал од автопатот, се превртел и бил зафатен од силен пожар. Огнот целосно ја уништил кабината во која пожарникарите подоцна го пронашле неговото безживотно тело.
Несреќата се случила околу 1:50 часот по полноќ на автопатот Врање – Ниш, во близина на Богојевце. Загинатиот е македонски државјанин со иницијали М.Ј.
Според првичните информации објавени од српските медиуми, тој управувал со тешко товарно возило со приколка кога изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.
Набргу потоа избувнал пожар кој брзо го зафатил камионот. На местото пристигнале пожарникари, Брза помош и полиција, но кабината веќе била целосно изгорена.
При пребарувањето пожарникарите го пронашле телото на возачот во кабината.
Полициската управа во Лесковац ја потврди несреќата, а полицијата извршила увид. Причината за излетувањето допрва треба да биде утврдена, иако во првичните медиумски информации се споменува неприлагодена брзина.
Сообраќајот на овој дел од автопатот по завршувањето на увидот бил нормализиран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
