Background

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО КОРИСТАТ ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ

Австралискиот град Мелбурн официјално ѝ се извини на македонската заедница во Австралија поради забраната за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш на овогодишната парада на фестивалот Мумба (Moomba). Истовремено, за 2027, македонската заедница е поканета да учествува на манифестацијата со користење и на ова знаме, објави грчкиот медиум „Неос Космос“.

Градските власти заклучиле дека, иако вработените постапиле со добра намера и со цел да ја гарантираат безбедноста, процесот на донесување на одлуката не ги исполнил очекувањата на заедницата и имал значително, ненамерно негативно влијание врз Македонците во Мелбурн.

Според извештајот на австралискиот јавен сервис Еј-би-си (ABC), одлуката на градските власти претходно годинава да не дозволат истакнување културни и регионални знамиња на парадата ја натера Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва во Викторија (FOMKUD) да се повлече од учеството. Организаторите не им дозволиле на учесниците да го носат знамето со сонцето од Кутлеш.

- Advertisement -
Ad image

Поради тоа, околу 80 млади Македонци не учествуваа на парадата во 2026 година, иако со месеци се подготвувале за настапот, вежбале и ги подготвувале традиционалните носии. Претставниците на заедницата изјавија дека забраната предизвикала разочарување и чувство на исклученост кај децата и нивните семејства.

Во вчерашното писмо со извинување, градските власти на Мелбурн признаваат дека со нивната одлука многу учесници, семејства и претставници на македонската заедница почувствувале дека нивниот културен идентитет и наследство не биле почитувани или правилно разбрани. Градот заклучил дека не биле почитувани принципите на човековите права при донесувањето одлуки, па усвоил препораки за обука на вработените, постапувањето по жалби и прецизирање на правилата за учество на парадата. Според „Неос Космос“, градските власти потврдиле дека ќе работат на спроведувањето на препораките пред фестивалот во 2027 година.

Извинувањето и поканата ги поздравија Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва во Викторија, Советот на македонските заедници во Австралија и други организации и претставници на македонската заедница. Во заедничка реакција тие изразиле благодарност до градските власти за независната процена, прифаќањето на препораките и признавањето на последиците од забраната врз младите учесници.

Одлуката на градот Мелбурн предизвика негативни реакции кај дел од грчката заедница во Австралија. Панмакедонското здружение на Мелбурн и Викторија најавило дека ќе ја обжали одлуката кај надлежните институции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖