Background

Силвестер Сталоне откри дека не присуствувал на погребот на мајка му Џеки, која почина во 2020 година на 98-годишна возраст, а причината била нивниот длабоко нарушен однос

Силвестер Сталоне откри дека не присуствувал на погребот на мајка му Џеки, која почина во 2020 година на 98-годишна возраст, а причината била нивниот длабоко нарушен однос. Актерот за својот живот и семејството зборува во новите мемоари „The Steps“.

Силвестер Сталоне откри дека бил на голф кога добил повик дека мајка му починала.

– Играв голф кога некој се јави и ми рече: Мајка ти почина – се присети актерот во интервју за „Page Six“. На прашањето дали отишол на погребот, кратко одговара: Не, а потоа додава: Еве, сега добивте ексклузива.

- Advertisement -
Ad image

Зад неговата одлука стоел децениски нарушениот однос со Џеки Сталоне. Таа била позната како астролог, читачка на дланка и телевизиска личност, а во текот на животот се занимавала и со други необични професии. Силвестер тврди дека мајка му била многу посветена на сопствените интереси и желбата да стане позната, но дека не покажувала интерес да се зближи со своите деца и внуци.

– Некои луѓе едноставно не треба да имаат деца. И мислам дека и таа го знаеше тоа – вели актерот, опишувајќи ја мајка си како многу незрела личност која сакала да биде ѕвезда. Тој открил и дека нивниот однос на крајот целосно прекинал и дека таа престанала да разговара со него.

– Така умре во изолација – вели Сталоне.

Џеки починала во септември 2020 година, на 98 години. Нејзиниот син се присетил и на една од најпознатите семејни расправии – доделувањето на Оскарите во 1977 година, кога „Роки“ ја освои наградата за најдобар филм. Според неговото сеќавање, тој сакал мајка му да биде таму, но таа одбила бидејќи не можел да обезбеди дополнителна покана за нејзиниот фризер.

Сталоне во мемоарите зборува и за своето тешко детство. Тој вели дека родителите имале бурен и насилен брак, а кога имал само две години бил испратен во дом во Квинс, каде што родителите го посетувале само еднаш месечно. Таму останал до својата шеста година.

Поради оштетување на нерв при раѓањето, Сталоне има карактеристична асиметрија на лицето и специфичен говор, поради што како дете често бил исмејуван. До 16-годишна возраст сменил дури 12 училишта, а потоа бил испратен во установа за проблематични тинејџери.

– Мислам дека многу спомени ги закопуваме за да преживееме – вели тој.

На прашањето кои спомени од детството му се најболни, одговорот бил краток:

– Секогаш сè се сведуваше на родителите. Нема убави спомени.“ Сталоне смета дека потиснатите емоции многу години подоцна повторно излегле на површина и влијаеле и врз неговиот брак со Џенифер Флавин. Таа во 2022 година поднесе барање за развод по 25 години брак, но двајцата набрзо се помирија.

Актерот во мемоарите се навраќа и на најголемата трагедија во својот живот – смртта на неговиот син Сејџ Сталоне во 2012 година. Сејџ, кој имаше 36 години, почина од коронарна артериска болест поврзана со атеросклероза. Татко му неодамна зборуваше и за огромната болка, вина и тага што ги почувствувал по неговата смрт.

Силвестер и Сејџ заедно глумеа во „Роки 5“ во 1990 година, а актерот денес вели дека сè уште тешко му паѓа кога ќе види фотографија од синот. „Полагав големи надежи во него. Кога ќе ја видам неговата фотографија, тешко ми е. Многу тешко“, рекол Сталоне.

 

Во „The Steps“ актерот се враќа и на периодот пред светската слава, кога живеел во сиромаштија во Њујорк, работел во деликатес и како билетар во кино и одел на аудиции додека пишувал. Кога го напишал сценариото за „Роки“, одбил да го продаде доколку продуцентите не му дозволат тој да ја игра главната улога.

Денес, на 80 години, Сталоне вели дека повеќе нема што да докажува.

– Го видовте магионичарот – вели тој, додавајќи дека сега сака да работи без постојано да чувствува потреба да му докажува нешто на светот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖