Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имот
Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.
“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО.
Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност.
Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт.
Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.
На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски.
Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа.
Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО.
Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски.
Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија.
Ете така.
Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски.
Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно.
Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.
Вистината излегува на виделина.
Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста.
Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.
Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=r0bsnEsxrfg
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
