На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи.
– Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација за подобро планирање на ресурсите, инвестициите и кадровскиот развој – појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Од Министерството за здравство соопштија дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар за итна медицинска помош.
„Реформата се темели на позитивните искуства од земјите во регионот, каде што итната медицинска помош е организирана како самостојна институционална структура, што овозможува подобра координација на тимовите, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување единствени стандарди за работа и професионален развој. Формирањето на центарот ќе придонесе за надминување и на долгогодишните кадровски и организациски предизвици обезбедувајќи поефикасен систем на итна медицинска помош за граѓаните“, наведуваат од Министерството.
Tagged as:
Итната помош во Скопје ќе добие засебен центар како посебна институција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
