Фудбалската еуфорија пред четвртфиналниот дуел на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка достигнува врв, а социјалните мрежи ги преплави спектакуларно видео создадено со помош на вештачка интелигенција, во кое модерните Викинзи симболично го освојуваат Британскиот Остров.
Во видеото, норвешките фудбалски ѕвезди предводени од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард се прикажани како викиншка војска која пристигнува на англиските брегови, додека Англија ја бранат Хари Кејн, Џордан Пикфорд, Џуд Белингем, легендарниот Дејвид Бекам, па дури и селекторот Томас Тухел, кој е претставен како крал.
Креативната најава за вечерашниот спектакл, кој започнува во 23 часот, за кратко време стана вистински хит на интернет. Видеото собра милионски прегледи, десетици илјади споделувања и бројни позитивни реакции од љубителите на фудбалот ширум светот.
Причината за огромниот интерес е и одличната форма на Норвешка на шампионатот, особено настапите на Ерлинг Халанд, кој е меѓу најголемите фаворити за најдобар стрелец на турнирот.
Без разлика дали ќе триумфираат „трите лава“ или „викинзите“, едно е сигурно – навивачите веќе добија спектакуларна увертира за натпреварот што го чека целиот фудбалски свет.
Покрај ова видео на социјалните мрежи се појавија и други слични видеа, кои ќе ги споделиме со вас.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
