Background

Еден од кандидатите не исклучува трговска војна со САД

Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти дека на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција.

Канадскиот весник „Глоуб и мејл“ (Globe and mail) објави дека поранешната министерка за финансии Кристина Фриланд и поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни се подготвени да се приклучат на трката.

Еден од кандидатите е и актуелниот канадски министер за енергетика Џонатан Вилкинсон.

- Advertisement -
Ad image

Вилкинсон најави дека не е исклучена можната Канада да преземе контрамерки како одговор на најавата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за нафта и за суровини од Канада до 25 отсто.

– Нема шанси Канада да стои од страна и да го гледа уништувањето на нашата автомобилска индустрија или други индустрии. Ќе треба да одговориме на промислен начин, на начин што всушност ќе создаде максимален притисок врз претседателот и врз земјите кои имаат корист од трговијата што ја прават со Канада – рече министерот велејќи дека нафтените магнати во земјата се подготвени да разговараат со новата администрација на Трамп.

Лидерот во заминување Џастин Труфо, минатата недела соопшти дека се повлекува од партијата, која ја води од 2013 година. Тој беше под силен притисок од пратениците на ЛПК кои бараа негова оставка поради пад на рејтингот на либералите во анкетите.

Конзервативниот опонент на Трудио, Пјер Полиевре, кој беше наречен „канадскиот Трамп“ не се штеди со своите удари насочени кон неговите противници. Тој го нарече Трудо слабак.

Во последните денови Трудо заостана 20 денови Полиевре на анкетите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation