Само еден месец по смртта на Доли Партон, нејзиниот внук Брајан Сивер се најде во центарот на сериозен судски спор со луѓето кои го водат наследството на легендарната пејачка. Компанијата „She’s Alive“, која е задолжена за заштита на нејзиниот професионален имот и бизнис-интереси, поднела тужба и побарала забрана за приближување, обвинувајќи го Сивер за закани и обид за изнуда.
Сивер не е случаен член на семејството. Тој повеќе од 20 години бил шеф на обезбедувањето на својата тетка, а токму нему Доли му ја доверила задачата јавно да ја објави нејзината смрт. Во емотивната видео-порака објавена на нејзиниот профил, тој кажа дека таа однапред го замолила да го направи тоа кога ќе дојде моментот. Доли почина на 80 години, по кратка борба со рак.
Но, по нејзината смрт односите меѓу Сивер и луѓето што го презедоа управувањето со нејзиното наследство нагло се влошиле. Минатата недела тој бил отпуштен од функцијата шеф на обезбедувањето, а неговата компанија била отстранета од имотите на Доли. На нивно место биле ангажирани нови безбедносни тимови. Сивер изјавил дека бил отпуштен откако претходно бил постигнат договор тој и неговата компанија да продолжат да ги обезбедуваат имотите.
Потоа следувала тужбата на „She’s Alive“, која ја води долгогодишниот менаџер на Доли, Дени Нозел. Во судските документи се тврди дека Сивер испраќал сè поагресивни пораки и се заканувал дека ќе го наруши работењето на бизнисите и ќе го уништи наследството на Доли доколку не му бидат исполнети барањата. Во една од пораките, според документите, наводно напишал:
– Сите треба да се загрижат за тоа што би можел да направам, а во друга се заканувал дека ќе стане „раката на одмаздата за целото семејство“.
Во друга порака, која се појавува во судските документи, Сивер наводно се опишал како „меѓународен трговец со оружје и платеник“, а на адвокатот на Доли му кажал:
– Не сум човек од забавната индустрија. Јас сум убиец. Документите, исто така, наведуваат дека се заканувал со создавање подкаст посветен на „уништување“ на партнерствата на брендот на Доли, доколку не добие пари.
Сивер, сепак, ги отфрла обвинувањата. Тој за американските медиуми изјавил дека неговите пораки биле извадени од контекст и дека станувало збор за приватни разговори меѓу двајца луѓе кои тагувале по смртта на Доли. Тој тврди и дека неговата тетка во шега го нарекувала „нејзиниот убиец“, па затоа спорната порака не ја сметал за закана.
– Никогаш не сум му се заканувал на никого – рекол Сивер.
Судот во Тенеси сепак издаде привремена забрана за приближување, со која на Сивер и на неговата компанија им е наложено да се држат најмалку 305 метри од вработените, адвокатите и деловните партнери на „She’s Alive“ и да не се мешаат во нејзините деловни односи. Следното рочиште е закажано за 7 октомври.
Во меѓувреме, сестрите на Доли, Фрида и Стела Партон, застанаа во одбрана на својот внук и порачаа дека во семејството нема кавга околу наследството на пејачката. Фрида напиша дека сите го сакаат Брајан, додека Стела порача дека семејството се обидува да остане заедно во периодот на загуба и збунетост.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
