Регулаторната комисија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 8.11.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,236 %, кај дизелот 3,669 %, кај екстра-лесното масло 4,540 % и кај мазутот намалувањето е 3,128 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,382 %.
Од 11.11.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81 денар/литар; моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83 денари/литар; дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78 денари/литар; масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,50 денари/литар; „мазут М-1 НС“ – 43,743 денари/килограм.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,50 денара за литар.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува и сега ќе изнесува 43,743 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и на „евросупер БС-98“ не се менуваат.