Background

Азески и бизнисот очекуваат кризата да се продлабочи

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки, но засега ситуацијата е под контрола, изјави денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Таргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат согласно развојот на ситуацијата.

-Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на стопанството без кои македонската економија не може да функционира, таргетирани мерки треба да бидат поставени. А за она што значи за граѓаните, тоа си е обврска на Владата и тука не се мешаме – рече Азески.

- Advertisement -
Ad image

Негов став е дека во однос на мерките извозниците треба да имаат приоритет.

– Очекуваме продлабочување на кризата со оглед на информациите што ги слушаме секојдневно и кои можат да ја докомплицираат ситуацијата. Но, мислам дека имаме капацитет засега, заедно со Владата, да ја контролираме состојбата извесен период, а потоа, нормално, треба да се преземаат акции на повисоко ниво што ќе значат опстанок на економијата – нагласи Азески.

Според него, ситуацијата сериозно се следи, а бизнисот е подготвен на секакви сценарија.

-Ние сме подготвени на секакви сценарија од 2008 година, бидејќи кризите не се завршени од тогаш. Компаниите се во постојана ситуација на напнатост и на тешка предвидливост што е најголемиот непријател за водење бизнис, особено во комплицирана состојба како сега, во моментот на геополитички преструктуирања кои влијаат и на континентот во кој живееме – во Европа, и на регионот во кој се наоѓаме – рече Азески.

Тој укажа и дека војната во Украина која уште не е завршена, има влијание врз работата на компаниите, особено, ако се земе предвид дека 70% од нив се ориентирани кон европските пазари.

– Разработени се и разгледани сите можни сценарија што може да настанат. Нашите можности да влијаеме на кризата се многу мали. Да, ќе побараме секогаш мерки кога се потребни. Да, тие мерки ќе бидат таргетирани, зашто мерките што општо важат и кои се приоритети на Комората остануваат, а тоа се: сериозна борба со корупцијата и сивата економија, брза гасификација на Македонија и директна поддршка за извозните компании. Тоа останува врвен приоритет за работа на Комората – рече Азески.

Објасни и дека сме дел од најпребирливите пазари како европскиот, каде што увезуваат и извезуваат сите во светот.

-Тоа значи дека мора да имаш квалитатив за да можеш да ги продадеш своите производи. А за да ги продадеш, треба да бидат конкурентни. За да бидат конкурентни, мора да бидат во согласност со политиките на државата од кои нема да имаат непредвидени трошоци. Сето тоа е врзано едно за друго. Ние сакаме таа поддршка да биде директно изразена од страна на Владата, сакаме тие да добијат апсолутен приоритет зашто без извозот, мала земја како нашата нема никакви шанси да опстане и да продаде производи. И трето што е најбитно, бараме да имаме таква ориентација за да се проверуваме и да ги следиме светските трендови. Без продажба надвор од рамките на државата, немаш потреба да градиш стандарди и конкурентност, а без тоа не можеш да продадеш производ надвор – рече Азески.

Македонските компании кои се постојано присутни во Стопанската комора, додаде Азески, веројатно претчувствуваат дека може да дојде до некакво непредвидливо сценарио.

-Мислам дека долго трупаните проблеми со кризите во Европа и во светот од 2008 година навака ќе ја зголемуваат инфлацијата и тоа сигурно ќе влијае во работењето на сите. Но, нормално, тоа ќе биде прв приоритет за таа борба што мора да се добие, бидејќи без добивање на таа борба нашите стоки ќе станат беззначајни – нагласи Азески.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation