По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.
Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?” (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?).
Трудот се фокусира на каналот на цените на средствата, како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата.
Во него се посочува дека интеграцијата на берзите од Западниот Балкан може значително да ја подобри оваа трансмисија, преку побрза и поефикасна реакција на цените на акциите на промените во каматните стапки и монетарните сигнали, при што се укажува дека структурата на финансискиот систем е директно поврзана со ефективноста на монетарната политика.
Според традицијата, наградениот труд ќе биде презентиран на некоја од следните сесии на Клубот на истражувачите на Народната банка, којшто функционира како платформа за развој на истражувачката мисла и мрежа за поврзување на експертите од овие области.

Доделувањето на наградата е дел од одбележувањето на 34-годишнината од монетарното осамостојување и формирањето на Народната банка, а истовремено во година кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
