Принцот Хари и Меган Маркл нема да присуствуваат на овогодишниот божиќен концерт „Together at Christmas“, кој го организира Кејт Мидлтон. Според пишувањата на британскиот „Дејли мејл“, двојката не добила покана за настанот што на 11 декември ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон.
Ова ќе биде шесто издание на концертот, кој принцезата од Велс првпат го организираше во 2021 година и кој во меѓувреме стана еден од нејзините најпрепознатливи празнични настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 1.600 гости, меѓу кои членови на поширокото кралско семејство, познати личности и луѓе кои во текот на годината придонеле за своите заедници.
Особено внимание привлекува темата на годинашната свеченост – „љубов, добрина и грижа едни за други“. Токму поради оваа порака, изоставувањето на Хари и Меган од списокот со гости повторно ги разгоре шпекулациите за нарушените односи во кралското семејство. Нема официјално објаснување зошто двојката не е поканета.
Минатогодишниот концерт го посетија принцот Вилијам и трите деца на Кејт и Вилијам – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Меѓу присутните беа и Софи, војвотката од Единбург, Зара и Мајк Тиндал, како и родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, и нејзиниот брат Џејмс со сопругата Ализ. Од познатите гости, присуствуваа актерката Кејт Винслет, пејачката Кејти Мелуа и кулинарската ѕвезда Мери Бери.
Според британските медиуми, Хари и Меган наводно нема да го поминат Божиќ со останатите членови на кралското семејство во Сандрингам. Се шпекулира дека планираат празниците да ги поминат со мајката на Меган, Дорија Рагланд. Двојката последен пат го прославила Божиќ со кралското семејство во 2018 година, пред да се повлече од должностите на активни членови на монархијата и да се пресели во САД.
Иако во август годинава се вратија во Велика Британија по шест години живот во Калифорнија, тоа очигледно не значи и враќање на старите семејни традиции. Претставниците на принцот Вилијам и принцезата Кејт, како и на Хари и Меган, засега не ги коментирале информациите за изоставувањето на двојката од списокот на поканети.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
