Утрово ракета или борбен дрон ја погоди полската територија во близина на градот Чмиелек на истокот од Полска, на околу 46 километри од границата со Украина, во време додека Русија извршува голем ракетен напад врз Украина.
Оперативната команда на вооружените сили на Полска и полските власти истражуваат можно нарушување на воздушниот простор по пријавите за неидентификувани летачки објекти.
Снимките од камерите за надзор што кружат на социјалните мрежи покажуваат силна експлозија околу 6:35 часот по локално време, но видот, потеклото на објектот и точната причина за експлозијата сè уште не се официјално потврдени.
Според објави на социјалние мрежи, сирени за воздушна опасност и известувања добиле жителите на западните делови од Полска.
Експлозијата во источна Полска се случи за време на масовен руски напад со ракети и со дронови што траеше цела ноќ и утро. Руските сили испукаа бранови балистички ракети и беспилотни летала кон Киев и голем број други региони, а тревоги за воздушен напад беа на сила низ целата земја, вклучително и во западна Украина.
Според украинските медиуми, експлозии и активност на воздушната одбрана се регистрирани и во западните градови Лавов и Ивано-Франковск, недалеку од полската граница.
Во Киев, балистички ракети погодија три моста над реката Днепар и критични инфраструктурни објекти, при што загинаа најмалку 3 лица и беа повредени најмалку 15, додека делови од градот останаа без електрична енергија, вода и греење. Масовниот напад се случи еден ден откако Путин ѝ се закани на Украина со „многу поболна“ одмазда за штетата на Кримскиот мост, од кој дел се урна на 17 ноември откако беше погоден од украински дронови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
