Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта и утре претпладне.
ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен ветер на неколку патни правци имало паднати семафор, канделабра и дрва и дека навремено се отстрануваат од коловозите.
Поради појава на силен ветер од југозападен правец на патниот правец А2 Гостивар – Стража – Кичево, кај клучката Гостивар има паднат семафор и една канделабра, кои од екипите на ЈП „Македонијапат“ се навремено отстранети од коловозот. На истиот патен правец на неколку места имало паднати дрвја на коловозот, кои се отстранети од дежурните екипи на претпријатието.
На патниот правец Скопје – Тетово, пред Карпалак, поради силниот ветер исто така имало паднато дрво, кое е отстрането од коловозот.
На регионалниот патен правец Р1206 Тетово – Скопје, поради силниот ветер имало паднати дрва на коловозот и дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ работат на нивно отстранување и нормализирање на сообраќајот.
Поради овие временски прилики на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината според условите на патот како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има и врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 l/m2.
Во Скопје ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
