Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска рече дека не брза да одлучи дали да го нападне Иран и дека таа одлука ќе ја донесе по почетокот на следната година.
– Не брзам да донесам никаква одлука (во врска со Иран). Ќе видиме што ќе се случи по почетокот на годината – рече Трамп во телефонски разговор со порталот Аксиос од претседателскиот авион на враќање во САД од Кина.
Како што истакнува медиумот, изјавите на Трамп доаѓаат во време кога тој е под силен притисок од израелскиот премиер во технички мандат Бенјамин Нетанјаху да почнат решителна кампања за бомбардирање на Иран што е можно поскоро.
Аксиос, повикувајќи се на извори, во средата објави дека иако Трамп рекол дека нов, голем бран напади врз Иран е „малку веројатен“, американскиот претседател сè уште ја разгледува можноста за заеднички напад со Израел.
Од друга страна, Трамп за Фокс њуз изјави дека прелиминарниот договор со Иран е „губење време“, наведувајќи дека се согласил со него по консултација со своите советници.
Во интервју со дописникот на Белата куќа, Џеки Хајнрих, Трамп ја пофали воената блокада на САД, нарекувајќи ја „најефикасната работа што сме ја направиле“.
Американскиот претседател рече дека меморандумот за разбирање со Иран донекаде ги забавил активностите на неговата администрација, но во исто време му овозможил на Вашингтон да процени како ќе се однесува Техеран за време на преговорите за мир.
Според два извори запознаени со ситуацијата, Белата куќа побарала од Пентагон и од разузнавачките експерти да проценат како Иран би можел да одговори на секое од сценаријата за напад подготвени од американската војска.
Израел, пак, тврди дека има разузнавачки информации кои укажуваат дека Иран ги интензивирал истражувањата и развојот на хемиско оружје, како и дека спроведува тестови, за што Трамп бил информиран.
Од друга страна, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека американските обвинувања оти Техеран развива хемиско и биолошко оружје имаат цел да создадат атмосфера на страв и да оправдаат воени дејствија.
„Прашањето е следното: Дали светот научи нешто од катастрофалните лекции од 2003 година или повторно сме на пат да дозволиме јавноста да биде измамена во огромни размери“, напиша Багаи на Икс.
Во 2003 година САД го нападнаа Ирак, со образложение дека тогашниот режим на претседателот Садам Хусеин разработува оружје за масовно уништување, но такво оружје никогаш не беше пронајдено.
Портпаролот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Сардар Мохеби, денеска поовторно изјави дека Иран решително ќе одговори на секоја закана и предупреди дека секоја земја чии воени бази се користат за напад врз Иран ќе стане цел на иранските сили.
Зборувајќи за ракетните капацитети на Иран, Мохеби рече дека доколку Врховниот лидер издаде наредба, Техеран би можел да спроведе операции без географски ограничувања, вклучително и да ги таргетира американските бази во Европа.
Tagged as:
Техеран се закани дека ќе ракетира американски бази во Европа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
