Холивудската актерка Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а сега е откриен и полот на бебето. По двајцата синови, во семејството, според информациите што се појавија во јавноста, пристигнало и девојче.
Полот на новороденчето го откри Моли Роџерс, костимографка на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, која во својата честитка на Инстаграм објави фотографија од плишано мече и ѝ честиташе на актерката.
– Честитки за гордата мајка Ен Хатавеј и за новиот член на нејзиното семејство… девојче – напиша Роџерс.

Објавата предизвика големо внимание, но самата Хатавеј засега официјално не го потврдила полот на третото дете. Информацијата ја пренесува и германскиот магазин „Гала“.
Веста дека актерката стана мајка по третпат се прошири откако папараците ја фотографираа во Њујорк на прошетка со пријателка и со новороденчето што го носи во носилка на градите.
Ен Хатавеј и Адам Шулман се заедно од 2008 година, а се венчаа во септември 2012 година. Двојката го чува приватниот живот подалеку од јавноста, особено кога станува збор за нивните деца.
Нивниот прв син, Џонатан Роузбенкс Шулман, е роден на 24 март 2016 година, а вториот син, Џек, во ноември 2019 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
