Актерката Ева Лонгорија уште еднаш покажа дека редовното вежбање е важен дел од нејзиното секојдневие. Ѕвездата на популарната серија „Очајни домаќинки“ сподели на Инстаграм дел од својата утринска рутина и откри дека денот го започнува уште во шест часот наутро, со интензивен тренинг во теретана.
За вежбањето носи тесен спортски комплет кој ја истакнува нејзината витка фигура и облини. Во оваа спортска комбинација, актерката ги покажа резултатите од редовните тренинзи, но покажа и дека раното станување не ѝ претставува проблем кога станува збор за одржувањето на формата.
Лонгорија има 51 година и е позната по тоа што посветува големо внимание на активниот начин на живот. Повремено со своите следбеници споделува моменти од тренинзите и открива делови од навиките со кои се грижи за својата физичка подготвеност.
Дека трудот во теретана дава резултати, актерката покажа и летово за време на одморот во Шпанија, кога објави фотографии во минијатурно бикини и повторно привлече внимание со својата фигура.
Според нејзината најнова објава, Лонгорија не се откажува од тренинзите ниту по летниот одмор, а физичката активност и понатаму е меѓу првите работи со кои го започнува денот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
