Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД. Вкупната инвестиција и поддршка од Трафигура во трансакцијата ќе надмине една милијарда американски долари, соопшти компанијата.
Според објавата на Трафигура, договорите се однесуваат на планираното преземање на рафинеријата „Мандан“ во Северна Дакота и рафинеријата „Сент Пол Парк“ во Минесота од подружници и поврзани компании на „Маратон Петролеум Корпорејшн“.
Како дел од договорот, Трафигура ќе вложи 800 милиони долари во нови акции на CVR Energy, со што ќе стекне малцински удел во компанијата по завршувањето на преземањето. По успешното финализирање на трансакцијата, Трафигура Трејдинг ќе стане ексклузивен снабдувач со сурова нафта и партнер за посредување во трговијата со двете рафинерии. Предвидени се и договори за преземање на одредени нафтени деривати.
Од Трафигура посочуваат дека договорите ќе им овозможат на рафинериите да имаат сигурно снабдување со сурова нафта и стабилен пласман на горивата произведени во САД. Компанијата ја оценува трансакцијата како следен чекор во развојот на нејзиното енергетско работење на американскиот пазар.
– Со овој договор ја поддржуваме CVR во трансакцијата и создаваме можност за зајакнување на синџирите на снабдување – изјави Роб Крајдер, претседател на Трафигура US Holdings, наведувајќи дека логистичката и трговската мрежа на компанијата може да придонесе за поврзување на производителите и потрошувачите.
Трафигура е глобална компанија за трговија со енергенси, метали и минерали, со активности во повеќе од 150 земји во повеќе од 14.500 вработени. Компанијата е најголем акционер во „Еуромакс Ресоурцес“, која го развива проектот за рудник за бакар во југоисточниот дел на Македонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
