Background

Москва ги повика дипломатите итно да го напуштат Киев, тие одговорија „не“

Москва ги предупреди странските државјани и дипломатскиот персонал да го напуштат Киев и да не патуваат во Украина, поради најавите за масовни напади како одговор на украинските напади врз Русија.

Руското Министерство за надворешни работи порача дека оние кои го игнорираат предупредувањето сами го преземаат ризикот од можните последици.

Германската амбасада одговори дека останува во украинскиот главен град.

- Advertisement -
Ad image

„Остануваме во Киев“, објави германската дипломатска мисија, чија работа продолжува и покрај наглото влошување на безбедносната состојба во градот.

Амбасадорката на Европската Унија во Украина, Катарина Матернова, потврди дека ниту една од 25-те земји членки на ЕУ што имаат амбасади во Киев во моментов не планира да се повлече.

– Остануваме во Киев, како и сите други амбасади на земјите од Европската Унија. Во близок контакт сме – рече Матернова.

Таа ѝ порача на Москва да не ги „тестира“ правилата на Виенската конвенција, кои ја регулираат заштитата на дипломатските мисии.

Полска, исто така, одделно потврди дека нејзината амбасада продолжува со нормално работење во Киев.

Руското Министерство за одбрана објави дека по најавата на Володимир Зеленски за зголемени напади врз руските рафинерии, ќе ги интензивираат нападите врз воените, воено-индустриските и сродните инфраструктурни објекти во Киев и други делови на Украина.

Поради ваквите најави европските дипломатски мисии ги преиспитуваат безбедносните процедури во последните денови. Сепак, одлуката за напуштање на Киев не е донесена.

За Берлин, прашањето за безбедноста на амбасадата е особено чувствително бидејќи еден од неодамнешните руски напади ја погоди зградата на Националната академија на науките во центарот на Киев, на неколку стотици метри од германската амбасада. Германскиот амбасадор Борис Руге тогаш рече дека дипломатската мисија ќе продолжи со својата работа.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера пристигна во ненајавена посета на Киев, за да објави нов пакет германска помош за Украина во вредност од над 1,3 милијарда евра и да финализира договор за заедничко производство на беспилотни летала и друго оружје. За време на неговата посета сирените постојано предупредуваа за возушна опасност.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро ја критикуваше неговата посета, нарекувајќи ја „враќање на убијците на местото на злосторството“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖