Овогодишниот „Октоберфест“ заврши со рекордни 7,4 милиони посетители, со што беше соборен досегашниот рекорд од 2023 година, кога фестивалот го посетиле 7,2 милиони гости, соопштија властите во Минхен.
Поволните временски услови и умерените температури придонесоа за рекордната посетеност. Во саботата, претпоследниот ден од фестивалот, организаторите беа принудени да го затворат пристапот до фестивалскиот простор „Терезиенвизе“ поради огромниот прилив на луѓе.
Рекордниот број посетители беше проследен и со рекордна потрошувачка на пиво. На годинешниот, 191. „Октоберфест“, биле испиени 6,7 милиони литри пиво, што е зголемување од 2,7 отсто во споредба со минатата година.Цената на традиционалната кригла од еден литар пиво, исто така, достигна рекордно ниво. Просечната цена годинава изнесуваше 15 евра.
Угостителите пријавија и зголемување на продажбата на храна за 2 до 3 отсто. Особено пораснала продажбата на традиционалната порција половина печено пиле, и покрај просечната цена од 18 евра, без прилози.
Посетителите од САД, Италија и Австрија беа на чело на листата на странски гости.
Градот Минхен го проценува вкупното економско влијание од овогодишниот „Октоберфест“ на 1,59 милијарди евра.
Tagged as:
„Октоберфест“ собори рекорди и донесе милијарди во Минхен
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
