Газдата на кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, е осомничен дека дал поткуп на службеник во Министерството за економија за да добие лиценца за угостителска дејност, иако за неа воопшто не поднел барање, а објектот не ги исполнувал законските услови.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против едно лице за давање поткуп, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до десет години.
Според Обвинителството, осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за незаконски да му обезбеди лиценца за угостителскиот објект. Јованов веќе е во притвор како обвинет во постапката за тешки дела против општата сигурност поврзана со пожарот во „Пулс“. Но, бидејќи за тој предмет истекуваат законските рокови за мерката за обезбедување, Обвинителството сега бара притвор и во новоотворената истрага за поткуп.
Како причина се наведува опасноста од бегство, но и фактот дека против осомничениот веќе се води друга кривична постапка.
Предлогот за притвор доцна попладнево е доставен до Основниот кривичен суд во Скопје. Јованов утре во 10 часот треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучува по барањето на Обвинителството.
Адвокатката на Дејан Јованов Деко, Ивана Коцевска претходно за Телма потврди дека е точна информацијата дека утре треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, но не знаеше за каква истрага се работи. Ова го толкува само како притисок за по секоја цена да има ефективен притвор за нејзиниот клиент.
Службеното лице кое, според Обвинителството, го примило поткупот од Деко веќе е обвинето и против него се води судска постапка за примање поткуп.
Tagged as:
Нова истрага против газдата на „Пулс“ се сомничи дека дал поткуп за лиценца
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
