Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени во Берово до 8 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 17 степени во Маврово до 26 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 25 степени.
Во сабота утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.
Според прогнозата на УХМР, и во наредниот период се очекува ведро и студено утро, а преку денот сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 20 до 27 степени.
Tagged as:
Северен ветер и сончево време низ Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
