Француската полицијата употреби солзавец за да ги растера студентите што протестираа во Париз. Демонстрациите кои траат веќе неколку дена се дел од пошироко студентско движење што бара зголемено финансирање за училиштата низ цела Франција.

Властите известија за голем број повредени, при што повредите настанале како од фрлени предмети, а во некои неразјаснети случаи и од полициски проектили за контрола на немири.
Слични сцени се одвиваа и во Лил, каде се протестира веќе четири дена. Таму демонстрантите запалија канти за отпадоци и електрични велосипеди.
Протестите брзо стануваат жешка тема во изборната кампања за избор на наследник на претседателот Емануел Макрон, кому Уставот му забранува да се кандидира за трет последователен мандат и го зголемуваат притисокот врз владата, која веќе се соочува со растечките финансиски проблеми на Франција. 
Кандидатот за претседател од крајната левица, Жан-Лук Меланшон, ја осуди реакцијата на владата кон протестите, оценувајќи ја како репресивна.
Француската влада предупреди дека протестите на средношколците – кои брзо се шират поради долгото работно време, недостигот на наставници и дотраените училишни објекти – прераснале во „урбано насилство“, при што беше најавено дека многу училишта ќе преминат на онлајн настава за да ги заштитат наставниците и учениците.

Според полицијата, низ земјата се одвиваат околу 900 демонстрации, блокади и слични инциденти пред средните училишта, поради што биле затворени повеќе од 160 од нив. Вчера бил блокиран и пристапот до околу 30 универзитетски кампуси, вклучително и оние во Париз и Марсеј.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
