Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори 8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на глобалниот настан „Денови на поврзување на Европа” што се одржува во Брисел.
Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.
-На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти — над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија – рече Николоски.
Тој нагласи дека ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија.
-Минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса – додаде Николоски.
Тој се осврна и на делот од коридорот 8 кој води кон Албанија.
– На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје – рече Николоски.
Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде и дека се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи.
– Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ – рече тој.
Николоски ја спомена и соработката со Косово во процесот на автопатското и железничкото поврзување.
– Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути- додаде Николоски.
Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
