Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија, порача германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, во Пржно, Црна Гора.
– Имаме 26 настани, вклучувајќи 12 министерски конференции. Ова е, најверојатно, најголемиот Берлински процес во историјата. Берлинскиот процес е сведоштво за тоа каде сакаме да одиме, кон иднина во која земјите од Западниот Балкан можат да станат членки на Европската Унија – рече Вадефул.
Тој истакна дека пораката е јасна – доколку постои волја и способност да се исполнат критериумите за пристапување кон Европската Унија, успехот може да се постигне во следните неколку години.
– Берлинскиот процес делува како катализатор на вашиот пат кон европските интеграции. За регионот да се приближи кон ЕУ, самиот мора да ги покрене тие промени и вистински да преземе одговорност за нив, надминувајќи ги политичките и другите пречки – порача Вадефул.
Тој рече дека 20 години по стекнувањето на независноста, Црна Гора „чука на вратата на Европската Унија“.
– Верувајте ми, тој звук се слуша и во Брисел и во сите европски престолнини. Пред само неколку недели, на почетокот на јуни, лидерите на ЕУ и Западниот Балкан се сретнаа во Тиват на самитот ЕУ – Западен Балкан. Германскиот канцелар и францускиот претседател ја истакнаа нашата посветеност за создавање нов замав за процесот на проширување. Тоа е воедно и насловот на заедничкиот германско-француски неофицијален документ (нон пејпер) кој изнесува како сакаме да внесеме нова динамика во процесот на проширувањето, преку обезбедување дополнителни поттикнувања, во рамките на процесот на постепена интеграција базирана на заслуги – рече тој.
Вадефул изјави дека денеска на самитот ќе разговараат за тесно поврзани теми, како што се економското приближување и регионалната интеграција, начините за создавање можности преку намалување на пречките меѓу земјите од Западниот Балкан и ЕУ, како и за тоа колку добрососедските односи и соочувањето со минатото се неопходни за поттикнување на помирувањето.
Tagged as:
Вадефул повтори дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
